Дома Фудбал Останато ФИФА испрати писмо до учесниците на Мундијалот: Фокусирајте се на фудбалот

ФИФА испрати писмо до учесниците на Мундијалот: Фокусирајте се на фудбалот

Светското првенство во фудбал започнува на 20 ноември, а првиот натпревар ќе го одиграат селекцијата на домаќинот и Еквадор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светската фудбалска организација (ФИФА) не сака ништо да остави на случајност и ги предупреди репрезентациите кои ќе учествуваат на Мундијалот да не ја критикуваат земјата домаќин Катар. 

Од добивањето на статусот земја-домаќин, па се до изградбата на стадионите – Катар е полн со контроверзии. Забележано е дека илјадници работници имигранти со живот платиле за изградба на величествените стадиони.

Организаторите, вклучително и ФИФА, стравуваат дека репрезентациите би можеле да и се „спротистават“ на земјата домаќин за време на Светското првенство

Поради тоа претседателот на ФИФА, Инфантино испрати писмо до сите 32 земји учеснички на Мундијалот.

Во писмото е пренесено барање до репрезентациите да се фокусираат само на фудбалот, да уживаат во фудбалскиот фестивал и да не се фокусираат на проблемите што се споменуваат.

„Секој е добредојден, без разлика на потеклото, потеклото, религијата, полот, сексуалната ориентација или националноста“, стои во извадок од писмото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…