
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти вечерва со победата на Реал Мадрид против Селтик испиша историја.




Анчелоти го прескокна Фергусон и од вечерва е тренерот со најмногу победи во историјата на најелитното европско натпреварување. Во Лигата на шампионите Анчелоти има 103 победи, зад него остана Фергусон со 102 победи.




Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Треба да се спомене дека за „Опта“, специјализираниот институт за статистика Анчелоти вечерва се израмни со Фергусон затоа што не ја сметаат победата на Милан против Интер во сезоната 2004/2005. Тогаш натпреварот беше прекинат поради дивеење на навивачите на Интер и Милан службено ја доби победата.