Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга никако да се помири: На фотоанализата не се гледа ништо!

Струга никако да се помири: На фотоанализата не се гледа ништо!

Од Струга никако не се помируваат со спорниот момент на натпреварот против Брегалница и голот кој го постигна Брегалница.

Денес на вчерашната реакција на Струга следуваше објаснување од Судиската комисија на ФФМ, а сега Струга повторно се огласи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Во вчерашното соопштение, нашиот клуб со најголема искреност и почит кон Судиската комисија и професионалците кои работат во неа, побара објаснување за снимката од која во 24-та минута е констатирана регуларната позиција на целата ситуација.

За жал, од вашата фотоанализа објавена на официјалната веб-страница на Фудбалска Репрезентација на Македонија и во медиумите, такво нешто не може да се констатира.

Се надеваме дека ваквите ситуации ќе резултираат со подобрување на делењето на правдата од страна на судиите и на фудбалот во целина“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан вчера прекрши едно правило во Серија, но ќе помине без казна

Милан случајно го прекрши реткото правило во Серија А откако Мајк Мањан беше заменет порад…