Дома Фудбал Репрезентации Барзаљи: Ова е лудост, критичарите навистина ме насмеаја

Барзаљи: Ова е лудост, критичарите навистина ме насмеаја

Легендарниот голман на Јувентус и италијанската репрезентација, Џиџи Буфон се најде на мета на критики по поразот од „Аѕурите“ од Шпанија со резултат од 3:0.

Шпанија славеше убедлива поведа во дуелот од квалификациите за СП. Во дресот на „Црвената фурија“ брилјираше Иско со два погодоцои, а токму поради фактот дека не успеа да ги спаси ударите на Иско, Буфон се најде на мета на критики на широката маса.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неговиот соиграч, Андреа Барзагли, пак, смета дека таквите критики се потполна глупост, и дека Буфон нема потреба никому да се докажува.

„Да се изгуби 3:0 од Шпанија не е добро за Италија, но мислам дека нам тоа може да ни помогне да напредуваме, на младите играчи особено“, истакна Барзагли за Раи Спорт пред утрешната средба со Израел.

„Да не се пласираме на СП би било поразително, но не смееме ниту да размислуваме за тоа. Критичарите на Буфон? Тие ме насмеаа, но некои. Така што Џиџи уште ли треба да се докажува колку вреди? За мене критика упатена до Буфон е лудост“, заклучи искусниот италијански стопер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…