Aтлетико Мадрид е главна тема во шпанските медиуми откако вчера остана и без Лигата Европа, завршувајќи ја групата како последен.
Од доаѓањето во клубот ова сигурно се едни од најтешките денови за Чоло Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Марка“ ќе следи распродажба на фудбалерите, десет би можеле да го напуштат клубот на зима. Сепак, тоа изгледа некако премногу, наводно Симеоне ќе ја расчисти соблекувалната, но ќе се обиде да се откаже само од играчи на кои не смета.
Освен тоа, се погласни се шпекулациите за бунт меѓу фудбалерите, тие наводно се прилично незадоволни, па „Чирингуито“ ја лансираше веста дека Атлетико размислува за негова замена.
Се шпекулира за актуелниот шпански селектор Луис Енрике, сепак тоа изгледа прилично изненадувачки, па оваа информација треба да се земе со доза на резерва.
Енрике би можел да ја напушти клупата на Шпанија во случај на неуспех во Катар, но некако изглед дека Атлетико може да остане без Симеоне само доколку самиот Аргентинец поднесе оставка. Тоа засега тој не го најавува. Веројатно ќе треба да почекаме до крајот на сезоната за работите да бидат појасни…