Дома Фудбал Останато Патешествие за Матиќ во Даблин: Со автостоп побрзо се стигнува на прес

Патешествие за Матиќ во Даблин: Со автостоп побрзо се стигнува на прес

Репрезентацијата на Србија се уште се одмараше во хотелот, но Немања Матиќ морраше да побрза, со оглед на тоа дека мораше да се појави на официјалната прес конференција за новинарите во пресрет на дуелот помеѓу Србија и Ирска во Даблин.

Од друга страна, со оглед на тоа дека сепак се работи за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, бројни се ирските новинари кои беа заинтересирани за таа конференција, а за српските нема потреба ниту да се коментира.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, покрај тие обврски на Матиќ му се падна и лош шофер. Српскиот репрезентативец и комесарот за безбедност Иван Петриќ до стадионот заминале со такси, но возачот ги оставил на погрешниот влез. Со цел да не дојде до некаков безбедносен ризик на Матиќ му помогнаа новинарите. Односно, комбето кое ги превезуваше српските новинари. Овојпат им се придружи и Немања.

Невообичаена ситуација за еден фудбалер од високи размери, но се случува и тоа.

Инаку, Матиќ на прес конференцијата посочи дека е задоволен што Србија ја има првата позиција и дека им следува исклучително тежок меч. Потенцираше дека во изминатите квалификации Србија се соочила со проблеми, но затоа пак сеа, со оглед на тоа дека Србија е мала земја и живее за фудбалот, вреди на овој народ да му донесат радост. Матиќ додаде на крајот дека најголема гордост за него ќе претставува ако ја предводи Србија на СП во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…