Дома Останати Надал по четири години се пласираше во четвртфиналето на УС Опен

Надал по четири години се пласираше во четвртфиналето на УС Опен

Најдобриот тенисер на светот, Шпанецот, Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето од УС Опен, откако денес во осминафиналето славеше над Украинецот Александар Долгополов со 6:2,6:4 и 6:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мечот на Надал и Долгополов траеше час и 42 минути. За Шпанецот ова е прв пласман меѓу осумте најдобри на последниот гренд слем турнир во сезоната од 2013. година кога ја освои титулата во Њујорк.

За пласман во полуфиналето, Рафа ќе се соочи против победникот од дуелот помеѓу Белгиецот, Давид Гофан и рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…