Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарки со ново засилување во стручниот штаб!

Вардарки со ново засилување во стручниот штаб!

Женскиот ракометен клуб Вардар од денеска има засилување во стручниот штаб. Нов асистент на тренерот Ирина Дибирова во иднина ќе биде Роберто Гарсија Парондо, кој ќе биде на клупата заедно со Аце Станковски.

Парондо е актуелен помошник на Раул Гонзалез во машката сениорска репрезентација на Македонија и поранешен ракометар на Сиудад Реал. Тој настапуваше за унгарскиот клуб Будакалаш, а претходно за Пик Сегед. Тој е третиот шпански тренер во Вардар по Раул Гонзалез и Давид Дејвис Камара.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Екипата на Вардар се подготвува за настап во групната фаза од Лигата на шампионите што почнува во октомври. Првите натпревари за Парондо на клупата на Вардар ќе бидат на турнирот од регионалната ВРХЛ-лига следната недела во Подгорица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Канатларовски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Молдавија и Грузија

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски го објави спис…