Дома Фудбал Сите го критикуваат, а Атлетико му нуди нов договор на Симеоне

Сите го критикуваат, а Атлетико му нуди нов договор на Симеоне

Атлетико Мадрид не игра добро во оваа сезона и испадна од Лигата на шампиони, па почнаа силни критики кон тренерот Диего Симеоне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико е во голем пад на резултатите во последно време, а и скапите засилувања како Жоао Феликс не ги оправдаа очекувањата.

Фудбалот кој го игра Атлетико веќе долги години повеќе не дава резултати, па медиумите почнаа да го критикуваат Симеоне и се прашуваат дали е време за промена.

Симеоне има договор со Атлетико до 2024 година и е најплатен тренер во светот, а во клубот е од 2011 година.

Меѓутоа, раководството на клубот воопшто не размислува за промена и ќе му понуди нов договор на Аргентинецот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека на Симеоне ќе му биде понудено продолжување на соработката до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jaпонците веруваат, испратија јасна порака пред натпреварот со Бразил

Јапонија се соочува со предизвик во второто коло на Светското првенство. Како ПАМЕТНО да т…