Дома Фудбал Анчелоти ги разочара навивачите за зимскиот преоден рок

Анчелоти ги разочара навивачите за зимскиот преоден рок

Карло Анчелоти нема некои големи планови за следниот преоден рок. Генерално, Реал Мадрид не носи премногу фудбалери во јануари, така ќе биде и во овој случај.

„Па, не размислуваме за преодниот рок во текот на зимата. Ова е тимот што ќе го имаме до крајот на сезоната. Нема да го менуваме“, одговори Италијанецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Следниот натпревар на Реал е против Џирона.

“Џирона игра добар фудбал, сака да ја има топката во свој посед. Во офанзива, тие се многу добро организирани. Мораме добро да се браниме од нив. Мора да бидеме фокусирани од самиот старт. Мора да победиме по поразот од Лајпциг”, објасни Анчелоти.

Анчелоти вели дека овој пат тимот ќе ги има на располагање Модриќ, Себаљос, Валверде, Маријано и Родриго. Од друга страна, Бензема нема да биде во составот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силва по завршувањето на епизодата во Сити се сели во Барселона?

На крајот на сезоната ќе го испразни својот ормар во „Етихад“ и како слободен играч ќе бар…