Дома Фудбал Репрезентации Роберто Мартинез: Со здрав Азар можеме и да го освоиме Мундијалот

Роберто Мартинез: Со здрав Азар можеме и да го освоиме Мундијалот

Светското првенство во Катар започнува за помалку од еден месец, па така еуфоријата е се поголема. Белгија е една од селекциите кои се истакнуваат како „фаворити од сенка“.

За многу фудбалери од „златната генерација“ на Белгија овој Мундијал ќе биде последна шанса за успех, а помеѓу нив е и Еден Азар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез зборуваше за фудбалерот на Реал Мадрид и истакна дека доколку Азар биде здрав тие би можеле да се надеваат и на освојување на Мундијалот.

„За мене не се логични прашањата дали Азар е важен дел од репрезентацијата. Тој беше еден од нашите клучни играчи на Мундијалот во 2018 година каде стекна и искуство. Последните две години не беа лесни за него, се мачеше со повреда, но придонесе за тимот. Доколку биде здрав можеме и да го освоиме СП“, смета Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид може да има трет тренер за сезоната, ако Арбелоа не се снајде против Ман Сити

Вчерашниот пораз на Реал Мадрид од Хетафе на „Сантијаго Бернабеу“ донел многу нови сомнежи…