Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ испрати порака до клубовите од Премиер лигата

Ибрахимовиќ испрати порака до клубовите од Премиер лигата

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ зборуваше за влијанието на парите во модерниот фудбал, поточно споредувајќи ги Премиер лигата и Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Парите носат големи можности. Парите носат алтернативи кои можеби други работи не можат да ги донесат, а интересот за Премиер лигата е многу поголем отколку за Серија А, затоа и економијата е многу поголема“.

„Но, тоа ја прави ситуацијата многу повозбудлива бидејќи тогаш италијанските клубови се соочени со предизвикот да ги совладаат побогатите клубови. Сепак, сите ние сме професионалци и топката е тркалезна, па сигурно дека не се плашиме“, изјави Ибрахимовиќ.

Шведскиот напаѓач е надвор од терените поради повреда на коленото, моментално е во процес на рехабилитација и неговото враќање се очекува следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бизарна сцена: Фулам не сакаше да изведува пенали против Малага, имаше попаметна работа

Необични сцени доаѓаат од Шпанија, каде што Фулам, по ремито 2:2 против Малага, одби да уч…