Дома Фудбал Останато „Не знам дали Ноер ќе игра на Мундијалот, не сум видовит“

„Не знам дали Ноер ќе игра на Мундијалот, не сум видовит“

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман денеска изјави дека голманот Мануел Ноер се уште е недостапен поради повреда на рамото и засега не знае кога ќе се врати на терените.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарите ги интересираше дали Ноер ќе б иде спремен за Светското првенство во Катар.

„Не знам, не сум видовит“, одговори Нагелсман на новинарско прашање кога капитенот на Баерн и германската репрезентација ќе се врати на теренот.

36-годишниот голман последен пат играше за Баерн на 8. октомври во ремито против Борусија Дортмунд.

„Не би рекол дека нема да може да игра на Светското првенство, дури мислам дека ќе може. Но, за жал, не сум видовит. Би сакале тој повторно да игра што е можно побрзо, работи за да може да се врати следниот викенд, но не знам што ќе се случи“, изјави Нагелсман.

Германската фудбалска репрезентација првиот натпревар на Светското првенство ќе го одигра на 23 ноември против Јапонија. Во групата Е се уште Шпанија и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…