Со поразот од Бенфика (4:3) во петтото коло од Лигата на шампионите, Јувентус пролетва ја загуби шансата да го продолжи настапот во елитното европско натпреварување, а воедно остана и без својот напаѓач Душан Влаховиќ кој се повреди на натпреварот против португалскиот клуб.
Следниот натпревар Јуве го игра утре од 18 часот во 12. коло во италијанската Серија А кога ќе го пречека Лече, а тренерот Масимилијано Алегри на тој меч нема да може да смета на Влаховиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во најавата за тој натпревар Алегри се осврна на моменталната состојба со повредата на Влаховиќ и потврди дека српскиот напаѓач се уште не е опоравен.
„Влаховиќ не се опорави, има болки во адукторот. Локатели има приватни причини, а за другите кои не се со нас веќе знаете. Сепак, имаме доволно играчи за да одиграме добар натпревар во сабота против организиран тим“, изјави Алегри.
Засега нема конкретни информации кога Влаховиќ ќе може да се врати на терените, меѓутоа информациите се дека не се доведува во прашање неговото учество на Мундијалот во Катар за Србија.