Дома Фудбал Тен Хаг сега го фали Роналдо: Среќен сум за него

Тен Хаг сега го фали Роналдо: Среќен сум за него

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо беше вратен во првиот тим на екипата, откако успешно ја одработи казната од тренерот Ерик Тен Хаг.

Роналдо се запиша во листата на стрелци на мечот против Шериф Тираспол, а Тен Хаг имаше пофални зборови за Португалецот.

Ѕвездата на Јунајтед не играше против Челси и тренираше со младинците поради неговиот потег против Тотенхем, но сепак брзо си го заслужи своето место во првиот тим.

„Среќен сум поради Роналдо, му требаше гол за да се врати во ритам. Даде сè од себе и заслужи да погоди. Цела екипа му помагаше и не се сомневам дека Роналдо ќе даде уште многу голови за Јунајтед“, вели Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…