Дома Фудбал Мурињо го сруши рекордот на легендарниот Фергусон

Мурињо го сруши рекордот на легендарниот Фергусон

Рома синоќа со 2:1 славеше на гостувањето кај Хелсинки, победа која посебно му е значајна на португалскиот стратег Жозе Мурињо.

За Мурињо, триумфот над Хелсинки беше вкупно 107-ми во европските купови, оставајќи го зад себе Фергусон на 106 победи. Веднаш зад Ферги е актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, со 105 победи во еврокуповите.

Освен со Рома, Мурињо во европските купови има победи и како предводник на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Jунајтед и Тотенхем.

Со Порто и Интер стигна и до трофејот во Лигата на шампионите во 2004 и 2010 година, додека со Манчестер Jунајтед ја освои Лигата на Европа, а минатата сезона со Рома се радуваше на пехарот во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…