Дома Фудбал Репрезентации Изненадување од Енрике: Рамос повторно на списокот на шпанската репрезентација

Изненадување од Енрике: Рамос повторно на списокот на шпанската репрезентација

Селекторот на шпанската репрезентација утре ќе го објави поширокиот список на репрезентативци на „црвената фурија“ за претстојниот Мундијал во Катар, а на него ќе биде поранешниот капитен Серхио Рамос, пренесуваат медиумите во Шпанија.

На списокот од 55 имиња, кој ќе се намали на 26 на девет дена пред почетокот на Светското првенство на 20 ноември, ќе се најде и искусниот стопер на Пари Сен Жермен, кој е надвор од националниот тим од март минатата година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рамос беше дел од репрезентацијата во 2010 година, кога Шпанците ја освоија единствената титула светски шампион во Јужна Африка, а со него во составот „црвената фурија“ двапати ја покори Европа во 2008 и 2012 година.

Искусниот Рамос одигра 180 натпревари за репрезентацијата, изгледаше дека 36-годишниот да го има кажано последниот збор во репрезентацијата, но селекторот Енрике одлучи да го врати во тимот, меѓутоа останува да се види дали ќе се најде на списокот патници на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…