Во еден драматичен натпревар Јувентус изгуби од Бенфика со 4:3 и така ги загуби шансите за продолжување во нокаут фазата од Лигата на шампионите.




Изненадување беше кога во овој натпревар во 70. минута од натпреварот тренерот Масимилијано Алегри одлучи да го замени Душан Влаховиќ.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Меѓутоа после натпреварот пристигнуваат информации дека српскиот голгетер се здобил со повреда. Наводно, Влаховиќ почувствувал болка во бутот и дополнителните медицински прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор.




Ова секако го вклучи алармот и во редовите на репрезентацијата на Србија која се подготвува за Мундијалот во Катар кој стартува за помалку од еден месец (20 ноември).