Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес е во болница, каде утрово му беше извршена операција на белите дробови, пренесуваат шпанските медиуми.
Медицинската интервенција била претходно планирана и завршила добро, па се очекува 75-годишниот Перес после неколку дена да биде пуштен од болница.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тој не беше на трибините на мечот со Севиља и очигледно нема да присуствува денес на мечот против Лајпциг во Лигата на шампиони, но се очекува брзо да се врати на работните обврски.