Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието откако натпреварот против Тотенхем го напушти пред завршувањето, а поради тоа клубот го исфрли од првиот тим за натпреварот против Челзи.
Во претходните денови Роналдо тренираше со младинците на гигантот од „Олд Трафорд“ и истакна каење за потегот кој го направил како што кажа непромислено. Медиумите на Островот пренесуваа дека денес тој имал разговор со Ерик Тен Хаг кој донел одлука тој да се врати со првиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доказ за тоа се и денешните фотографии од тренингот на Манчестер Јунајтед каде што може да се види и Португалецот.