Дома Фудбал Официјално: Габриел потпиша нов договор со Арсенал

Официјално: Габриел потпиша нов договор со Арсенал

Eкипата на Арсенал и бразилскиот стопер Габриел Магалхаес ја продолжија соработката.

Габриел Магаљаеш потпиша нов, повеќегодишен договор и со тоа ги отфрли сите најави дека би можел да замине.

„Голема работа е што успеавме да потпишеме со Габи. Тој е сè уште млад играч и тој е дел од нашата иднина. Неговите настапи откако пристигна во 2020 година беа на највисоко ниво и тој само се подобрува“, изјави спортскиот директор на Арсенал, Еду.

Следен во редот треба да биде неговиот колега од срцето на одбраната Вилијам Салиба, а истото се најавува и со Букајо Сака и Габриел Мартинели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно не брза со потпис во Јунајтед, Милан ја чека својата шанса

Преговорите за нов договор на Фернандеш се во застој, а Милан ја следи ситуацијата и би мо…