Дома Фудбал Повредата на Облак била сериозна: Не се сеќавам на ништо од тој натпревар…

Повредата на Облак била сериозна: Не се сеќавам на ништо од тој натпревар…

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак заработи повреда на главата на натпреварот од последното коло од Примера против Рајо Ваљекано, а во изјава за шпанските медиуми истакна дека не памети никакви детали од тој дуел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенечкиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во 69. минута, а иако првично се мислеше дека се работи за повреда на рамото, се покажа дека Облак заработил нималку наивна повреда на главата.

Одличниот голман се здобил со потрес на мозокот кој му предизвикал дури и краткотрајна амнезија.

„Не се сеќавам на ништо од последниот натпревар. Сега сум подобро. Полека се опоравувам, од ден во ден“, изјави Облак.

Атлетико е четврти во шпанското првенство, а в недела гостува кај Бетис, кој исто како и Јорганџије има 20 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…