Дома Фудбал Англија Дебакл за Роналдо: Не освоил ниту еден глас во изборот за „Златната топка“

Дебакл за Роналдо: Не освоил ниту еден глас во изборот за „Златната топка“

Португалецот Кристијано Роналдо кој овие денови е во центарот на вниманието поради скандалот кој го предизвика на натпреварот против Тотенхем доби уште еден удар во изборот за „Златната топка“.

Јасно е дека помина времето кога Роналдо се надеваше на освојување на оваа награда, меѓутоа сигурно дека играч како него нема туку така да го прифати податокот дека не освоил ниту еден глас во финалниот круг за „Златната топка“:


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Роналдо се најде во финалните 20 како освојувач на пет „Златни топки“, но оваа година заврши како последен без ниту еден освоен бод. Иако во прашање е Роналдо сепак податокот можеби е и очекуван со оглед на тоа каква сезона имаше португалскиот ас.

Инаку, за освојувачот Карим Бензема гласале 89 од 93 гласачи дали максимален број на гласови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…