Дома Фудбал Репрезентации Милевски: Се надевам дека Несторовски ќе го покаже тоа што го покажуваше во минатото

Милевски: Се надевам дека Несторовски ќе го покаже тоа што го покажуваше во минатото

Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на фудбалер за пријателските натпревари со Финска и Азербејџан. 

Повторно и на овој собир има проблеми со повредите. 


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Повторно не сме комплетни, но веќе 12-14 месеци сме во таква ситуација. Адеми повторно нема да биде со нас, заработи повреда на задната ложа. Дени Илиев и Чурлинов полека се опоравуваат. Дарко Велковски е во составот, но 14 дена не е во тренажен процес и ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. Трајковски е во подобра ситуација и тренира подолго време. Со оглед дека преостануваат уште натпревари, овој список затоа може и да не биде конечен”, вели Милевски. 

Илија Несторовски се врати во репрезентацијата.

„Се надевам дека Несторовски ќе го покаже она што го покажуваше во минатото па ќе биде со нас и во иднина. Милан Ристовски и Бојан Миовски во овој момент се во подобра форма” изјави Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…