Дома Фудбал Англија Конте: Не можете од деветто место веднаш да сте кандидат за титула

Конте: Не можете од деветто место веднаш да сте кандидат за титула

Стратегот на Тотенхем, Антонио Конте е разочаран по поразот од Манчестер Јунајтед од 2:0.

Манчестер Јунајтед издоминира на „Олд Трафорд“ и сосема заслужено славеше победа, со оглед на шансите триумфот на „црвените ѓаволи“ можеше да биде и поубеделив.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Антонио Конте по овој истакна дека според него Тотенхем во овој момент не е кандидат за титулата.

„Во Тотенхем сум 10 или 11 месеци и не може од деветто место веднаш да сте кандидат за титулата. Посебно не ако сезоната ја завршите со 20 бода помалку од водечките тимови во Англија“.

Тотенхем во овој момент е само на четири бода од лидерот Арсенал, тимот на Конте има 23 бода и се наоѓа на делба на второто место со Манчестер Сити.

„Натпреварот против Манчестер Јунајтед секако не беше добар за нас, но морам да сум искрен кон играчите затоа што ова не е првпат да играме вака. И покрај тоа што на табелата не стоиме лошо, секогаш кога играме против друга екипа од врвот се мачиме. Слично беше и со Челзи и со Арсенал“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Стигна како големо засилување, а веќе е пред излезните врати: Алегри повеќе не смета на оваа ѕвезда

Требаше да биде еден од носителите на новиот Милан, но реалноста брзо се промени. Повредит…