Дома Фудбал Англија Стрелците заспаа во Премиер лигата: Три гола на четири натпревари!

Стрелците заспаа во Премиер лигата: Три гола на четири натпревари!

Во терминот од 20:30 часот во Премиер лигата во рамките од 12. коло се одиграа само четири натпревари, а во нив стрелците не беа расположени и видовме само четири гола.

Ливерпул после победата против Манчестер Сити за викендот и денес против Брентфорд запиша минимален триумф од 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Дарвин Нуњез уште во 22. минута.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во тие први 30-тина минути Ливерпул доминираше и создаде повеќе прилики, Нуњез ја погоди и стативата. Казната „црвените“ можеше да ги стигне во финишот од првиот дел. Вест Хем доби пенал, меѓуто Алисон ја одбрани најстрогата казна на Бовен. Немаше промени ниту во второто полувреме па Ливерпул запиша важни три бода.

Њукасл успеа да слави против Евертон со истиот резултат, а човек на одлука беше одличниот Алмирон.

Адамс беше херојот на Саутемптон кај Бурнемоут. Гостинскиот тим исто така забележа триумф од 0:1.

Натпреварот Брентфорд – Челзи беше единствениот на кој вечерва не видовме голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…