Наградата за најдобар млад играч која ја освои фудбалерот на Барселона, Гави исто така е нешто што предизвика контроверзии на изборот на „Франс Фудбал“.
Голем дел од јавноста смета дека Гави не ја заслужи оваа награда и дека пред него имало други фудбалери кои требало да ја добијат. Такво мислење имаше и стратегот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на гигнатот од Минхен смета дека наградата требало да заврши кај Јамал Мусиала или Џуд Белингем.
„Според мене Мусиала и Белингем имаа подобри сезони од победникот. За мене се пред Гави“, кратко изјави Нагелсман.
Поддршка за својот соиграч преку социјалните мрежи испрати и Алфонсо Дејвис.
„Можеби ти го земаа твојот Копа Трофеј, но во иднина нема да можат да ти ја земат Златната топка“, гласи пораката на Дејвис.
They may have denied you of your Kopa Trophy, but they won’t deny you of your future Ballon d’Or #GoldenBoy 🙏🏾 pic.twitter.com/8YQXkWuVzw
— Alphonso Davies (@AlphonsoDavies) October 18, 2022