Марсело Биелса е без тренерски ангажман од февруари оваа година кога со заеднички договор ја раскина соработката со Лидс по серијата од четири порази во Премиер лигата.
И покрај тоа, навивачите не го заборавија и се уште се слушаат на натпреварите можат да се слушнат скандирања за човекот кој ги врати во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме, Аргентинецот ја одби понудата од еден од најголемите клубови во неговата татковина.
Биелса доби понуда од Ривер Плата да го преземе првиот тим откако Марсело Гаљардо најави дека ќе си замине после осум години, но искусниот стратег го одби Ривер од необична причина.
Проблемот е што во аргентинскиот шампионат има стадион кој го носи името на Марсело Биелса, тој е дом на фудбалерите на Њуелс, каде Биелса помина десет години како функционер и неколку години како играч на почетокот на кариерата.
„Не можам да тренирам тим кој игра против клуб чиј стадион го носи моето име“, накратко им објаснил Биелса на луѓето од Ривер.