Екипата на Лацио на последниот натпревар во Серија А ремизираше со Удинезе без голови 0:0.
После овој натпревар Маурицио Сари може да се соочи со дополнителни проблеми затоа што Чиро Имобиле после 29 минути поради повреда го напушти теренот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познато е дека Сари нема најдобри односи со претседателот Лотито, а ремито со „зебретите“ само ги влоши работите. Сари директно го повика претседателот на клубот, па дури и најави заминување.
„Не знам што има намера да направи претседателот, но можеби му треба друг тренер, бидејќи не можам редовно да играм на ваков терен. Јас сум тренер кој го сака мојот тим да игра со 700 додавања, јас не сум вистинскиот тренер за ваков терен… ако се продолжи вака веројатно ќе побараат некој другг“, изјави Сари по неделниот натпревар.
Лацио моментално е петти во Серија А со само еден бод помалку од Рома.