Дома Фудбал Куртоа: Кога го прогласија Сити за најдобар клуб се погледнавме и се насмевнавме

Куртоа: Кога го прогласија Сити за најдобар клуб се погледнавме и се насмевнавме

Минатата сезона Рeaл Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и европскиот и шпанскиот Суперкуп, но според „Франс Фудбал“ тие беа најдобриот клуб на годината.

Наградата заврши кај Манчестер Сити кој ја освои Премиер лигата, а во Лигата на шампионите беше елиминиран токму од Реал Мадрид во полуфиналето. На втората позиција заврши Ливерпул кој беше втор во Англија и играше финале во ЛШ.,

По кој критериум Сити беше избран за најдобар знаат само луѓето во „Франс Фудбал“, а коментар за оваа одлука даде и Тибо Куртоа кој беше прогласен за најдобар голман.

„Кога го прогласија Манчестер Сити за најдобар клуб ние само се погледнавме и се насмевнавме“, искоментира Куртоа.

Смета дека тој како голман никогаш не може да ја освои „Златната топка“.

„Не е можно како голман да ја освојам Златната топка. Освоив Ла Лига и Лига на шампиони, имав одлични одбрани и завршив на седмата позиција. Добро е што има трофеј за најдобар голман“, изјави белгискиот чувар на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…