Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Шкупи најде лек за Струга!

ПМФЛ: Шкупи најде лек за Струга!

Во рамките од 11. коло во македонската Прва лига денес Шкупи во дербито против Струга славеше победа со 1:0.  

Победа на Струга во денешниот натпревар ќе значеше дополнително „одлепување“ на табелата на врвот на табелата во однос на актуелниот шампион, но чаирчани не дозволија. Во првото полувреме не видовме голови мрежите мируваа.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Единствениот гол на Чаир го постигна Фреди Алварез oд пенал после 57 минути игра и тој се покажа како одлучувачки.

Сепак и покрај поразот Струга и понатаму останува лидер со 25 бода, Шкендија има шест помалкум, додека Шкупи заедно со Силекс имаат по 18 на третата и четвртата позиција. Од почетокот на сезоната Струга имаше осум победи и едно реми против Македонија Ѓорче Петров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…