За Џанлуиџи Буфон натпреварот против Шпанија тебаше да биде посебен, но после трите примени гола сигурно ќе сака брзо да го заборави.
Легендарниот голман го запиша својот 170-ти настап за Италија и така стана играч со најмногу настапи за државен тим кога се европските репрезентации во прашање.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
После натпреварот следеа лавина коментари на социјалните мрежи за Буфон, особено после двата примени гола.
Многумина сметаат дека е дојден крајот за Буфон и дека треба да му го отстапи местото на Донарума, кој несомнено е еден од најголемите таленти во светот.