Дома Фудбал Англија Арсенал е лидер, а Гвардиола тврди: Ливерпул ни е најголемиот ривал за титулата

Арсенал е лидер, а Гвардиола тврди: Ливерпул ни е најголемиот ривал за титулата

Викендов се игра големото дерби во англиската Премиер лига помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, во овој натпревар „сините“ влегуваат како фаворити со оглед на формата во која се наоѓаат двете екипи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ливерпул сезонава не ја стартуваше најдобро и во овој момент тие имаат 13 бода помалкју од Манчестер Сити и 14 од Арсенал кој е лидер. Во минатото коло токму Арсенал славеше против Ливерпул со 3:2.

Сепак, Пеп Гвардиола и понатаму го смета Ливерпул за главен фаворит за титулата.

„Ливерпул секогаш е фаворит за титулата. Знам со каков квалитет располагаат и што можат. Ако бевме на 10 кола пред крајот ќе кажев дека не можат да не стигнат, но вака ситуацијата многу поинаква, патот е долг. Не ме интересира дали во добар или лош момент, натпреварите со нив секогаш се тешки, така ќе биде и сега“, смета Гвардиола.

Дел од јавноста на оваа изјава гледа и како на мала провокација кон Арсенал и Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона во потрага по нов напаѓач. Дали ќе пристигне играч вреден 80 милиони евра?

Барселона се наоѓа во потрага по нов напаѓач откако Роберт Левандовски емоционално се због…