Дома Фудбал Англија Клоп пред дуелот со Сити: Сакаме да го победиме најдобриот тим во светот

Клоп пред дуелот со Сити: Сакаме да го победиме најдобриот тим во светот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека со помош на публиката на „Енфилд“ ќе може да го победи англискиот шампион Манчестер Сити во неделното дерби.

Клоп пред дуелот истакна дека Сити во моментов е најдобриот тим во светот и го има најдобриот напаѓач во светот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Се разбира дека победата над Ренџерс ја промени атмосферата, но се уште треба да видиме каков ќе биде тимот против Сити. Ќе се обидеме да се претставиме добро со помош на публиката на Енфилд против најдобриот тим на светот“, истакна Клоп.

„Веројатно Халанд е најдобриот напаѓач на светот, па треба да бидеме сигурни дека нема да стигнат многу топки до него. Ќе се обидеме да го направиме тоа, но ако се фокусираме премногу на него тоа ќе отвори простор за другите играчи. Знаеме дека нема да биде лесно, но сакаме да победиме“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…