Дома Фудбал Реал спреми нов договор за Начо

Реал спреми нов договор за Начо

Реал Мадрид со нов договор сака да го награди дефанзивецот, Начо Фернандез, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на „белите“ е подготвено на искусниот дефанзивец да му понуди нов договор – до летото 2024 година, што е 12 месеци подолго од сегашниот.

32-годишниот Начо минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид и Анчелоти му верува, иако оваа сезона не добива голема минутажа.

Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а веќе цели 11 години е дел од првиот тим, a Реал наскоро ќе започне преговори со неговиот агент за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Психолошката војна продолжува: Педри го покани Хулиан Алварес во Барса

Везниот играч на Барселона, Педри, изрази надеж дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан …