Дома Фудбал Останато Tренерот на ПСЖ се огласи за најавеното заминување на Мбапе

Tренерот на ПСЖ се огласи за најавеното заминување на Мбапе

Вчера попладне како „бомба“ одекна веста дека Килијан Мбапе сака да си замине од Париз и покрај новиот договор. Сите реномирани француски медиуми објавија дека Мбапе е незадоволен и сака да замине.

Наводно, Французинот бил незадоволен затоа што клубот не му исполнил дел од ветените услови. Исто така Мбапе не бил среќен што игра како крило, место како централен напаѓач.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Целата ситуација очекувано стигна и до стратегот на ПСЖ, Кристоф Галтие кој даде коментар на оваа тема.

„Килијан беше максимално фокусиран на натпреварот, постигна и гол. Убеден сум дека не е ниту блиску до заминување. Сетоа ова се случуваше пред еден наш важен натпревар, гласините станаа вест…Верувам дека ништо не е случајно“, изјави Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…