Дома Фудбал Останато Сопствениците на ПСЖ купија португалски клуб

Сопствениците на ПСЖ купија португалски клуб

Сопствениците на ПСЖ, „Катар Инвестмент“ купија 22% од португалскиот клуб Брага, пренесуваат тамошните медиуми.

Тоа е вториот фудбалски клуб во Европа кои го купува оваа групација, која започна да работи по примерот на „Сити Фудбал Груп“, кој е сопственик на неколку клубови меѓу кои Манчестер Сити.

„Катар Инвестмент“ во 2019 година се обиде да го купи Лидс, но неуспешно, а сега купи процент од Брага за 80 милиони евра.

Брага никогаш не бил шампион на Португалија, а минатата сезона заврши на четвртото место и обезбеди учество во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нова мака за Мурињо: Реал може да биде ослабен против Интер

Сјајниот лев бек на Реал, Марк Кукурела, беше принуден да го напушти теренот поради грчеви…