Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Тежок пораз на Македонија Ѓорче Петров во Кавадарци

ПМФЛ: Тежок пораз на Македонија Ѓорче Петров во Кавадарци

Maкедонија Ѓорче Петров иако во минатото коло успеа да одигра реми со лидерот Струга, сепак викендов повторно се врати на лошите резултати.

Од Кавадарци избраниците на Муарем Бајрами се враќаат со висок пораз од 4:0. Набрзина во последните минути од првото продолжение Тиквеш дојде до водство од 2:0. После само пет минтуи игра во второто полувреме домаќините веќе имаа 3:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Продолжи Тиквеш со добрата игра и се создаваа шанси пред голот на Стевковски. На десет минути пред крајот Нгоба ги постави конечните 4:0. Можеше поразот на Македонија Ѓорче Петров да биде и поубедлив, но во 85. минута Тиквеш не реализираше пенал.

Со овој пораз Македонија Ѓорче Петров останува на осмата позиција со девет освоени бодови со тоа што Академија Пандев со два помалку својот натпревар од ова коло против Шкупи го игра утре.

Фото: Фејсбук – Лозари Исток Кавадарци

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…