Дарвин Нуњез како големо засилување пристигна во Ливерпул, но на теренот не ги исполнува очекувањата и изгледа му треба време да се справи со притисокот кој го носи Премиер лигата.
Германскиот стратег Јирген Клоп ја пофали работата на Нуњез на тренинзите и потенцираше дека очекува наскоро да блесне и на натпреварите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога би можеле да го видите на тренинзите, ќе си помислите „О Боже“…Но потоа доаѓаат натпреварите и изгледа чувствува некаков притисок. Треба да се смири малку, меѓутоа неговите движења се одлични. Нека продолжи така да работи и ќе биде се како што треба“, смета Клоп.
Ќе потсетиме Ливерпул Нуњез го доведе од Бенфика во трансфер вреден 100 милиони евра како замена за Садио Мане кој премина во Баерн Минхен.