Дома Топ вести Агентот на Лаутаро: Не сме изненадени од интересот на Баерн

Агентот на Лаутаро: Не сме изненадени од интересот на Баерн

Агентот на Лаутаро Мартинез, Алехандро Камано потврди дека Баерн Минхен е заинтересиран за аргентинскиот напаѓач.

Во последните денови во гермаските медиуми се појави информација дека 25-годишниот Аргентинец ќе биде примарна трансфер цел на Баерн Минхен следното лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не сме изненадени од интересот на Баерн, но сега Лаутаро е фокусиран само на своите настапи за Интер“, изјави агентот.

„Ова лето добивме неколку неверојатни понуди, но одличивме дека најдобро за него е да остане во Милано. Се разбира дека во иднина може да се случи се“, додаде агентот.

Баварците се во потрага по класичен напаѓач и се спремни да платат 80 милиони плус бонуси за Лаутаро Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…