Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер без проблеми до победа против Тиквеш

Еурофарм Пелистер без проблеми до победа против Тиквеш

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва ја запиша третата победа во низа во домашното ракометно првенство. Во салата „Боро Чурлевски“ совладан беше Тиквеш со 30:21.

Од почетокот на натпреварот фаворитот го диктираше темпото и го демнострираше својот квалитет. После првото полувреме домаќините водеа со 16:9, а разликата во второто полувреме се зголеми и на +9.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Најефикасни во редовите на победничкиот состав беа Гоце Ојлески, Стоилевски и Ненад Костески со по пет гола, Димовски за Тиквеш постигна шест гола.

Во групата Б Пелистер лидер со 16 бодови, пет повеќе од Пролет и шест од Еурофарм Пелистер 2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Авток…