Дома Фудбал Останато Со Јувентус освои 13 трофеи и на 33 години објави крај на кариерата

Со Јувентус освои 13 трофеи и на 33 години објави крај на кариерата

Поранешниот фудбалер на Јувентус од Гана Квадво Асамоа (33) објави дека ја завршува професионалната кариера.

Тој дојде во Европа во 2007 година од Гана Либерти Професионалс. Прв негов европски клуб беше Белинзоне, а потоа се пресели на позајмица во Торино во 2008 година. Истата година Удинезе го откупи неговиот договор. После одличните настапи за Удинезе, четири години подоцна Јувентус го купи за 18 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Јувентус се задржа шест години и освои шест шампионски титули на Италија, четири Купа на Италија и три италијански Суперкупа. Одигра 156 натпревари, постигна пет гола и 20 асистенции. Си замина како слободен играч во 2018 година се пресели во Интер за кој одигра 53 натпревари.

Последните шест месеци од својата фудбалска кариера ги помина во Каљари каде играше до јуни 2021 година. Оттогаш беше без клуб. За репрезентацијата на Гана одигра 71 натпревар и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…