Дома Фудбал Барселона спрема жалба до УЕФА

Барселона спрема жалба до УЕФА

Од Барселона размислуваат да испратат жалба до УЕФА поради судењето на вчерашниот меч со Интер кој заврши со победа на домаќините 1:0.

Каталонците сметаат дека судиите покажале двоен стандарт за спорните ситуации во казнетиот простор на Интер во второто полувреме.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најпрво на Барселона и беше поништен гол поради игра со рака на Ансу Фати, а потоа не беше досуден пенал за Каталонците, иако Дамфрис играше со рака во казнетиот простор.

Во првиот случај судијата Вишниќ ја гледаше спорната ситуација на ВАР, а во вториот случај донесе одлука без да гледа.

Барселона ќе поднесе формална жалба до УЕФА за судењето, пренесува „Ас“. Покрај тоа, клубот ќе побара нивните натпревари никогаш повеќе да не ги суди Пол ван Буекел, видео судија кој работеше и на натпреварот со Интер и на неодамнешниот натпревар со Баерн (0:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси продава неколку фудбалери, па со уште две засилувања го комплетира тимот

Актуелниот освојувач на Светското клупско првенство, Челси, не застанува со засилувањата и…