Дома Фудбал Германија Во Борусија Дортмунд се шокирале кога им пристигнала сметката за струја

Во Борусија Дортмунд се шокирале кога им пристигнала сметката за струја

Германија е една од земјите која многу зависи од руските енергенси, па во перидот на агресија на Русија во Украина и санкциите кои ги воведува кон најголемата држава во светот се воведуваат сериозни мерки, а на удар се и фудбалските клубови.

Властите повеќе пати предупредуваа и испраќаа апели за штедење, а на некои места градските власти забранија на играње вечерни натпревари, таков е случајот со Нирнберг. Во Борусија Дортмунд сега биле шокирани кога им била испорачана фактурата за струја на годишно ниво.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според информациите на „Билд“ во Борусија доживеале вистински шок и поради порастоит на цените сметката им изнесувала 10 милиони евра! Ова било голем шок затоа што претходната сметка два ипол пати помала и изнесувала четири милиони евра.

Во ваква ситуација клубот итно донел одлука за воведување сериозни рестрикции и ќе се обиде да ја намали потрошувачката за 20%. Стадионот повеќе нема да свети навечер, нема да свети ниту големото лого, а се најавува и исклучување на греењето на теренот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…