Во српските медиуми утрово беше најавена вистинска трансфер-бомба, Партизан преговарал со Факундо Кампацо!




Славниот аргентински кошаркар според информации е во преговори со белградскиот гигант и „црно-белите“ му нудат едногодишен договор, конкурент за неговиот потпис наводно ни помалку, ни повеќе е Реал Мадрид каде што одличниот плејмејкер ги помина најдобрите денови.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Кај Партизан се очекува да стигне нов плејмејкер после повредата на Алекс Аврамовиќ, а секако дека информацијата за Кампацо е голема вест.




Белграѓани се подготвуваат за враќањето во европската елита, а сезоната во АБА лигата ја започнаа со сиугрна победа против Цибона. Ќе потсетиме, во понеделник Партизан од 16:00 часот му гостува на МЗТ Скопје.



