Попладнево Црвена Звезда ќе му гостува на МЗТ Скопје во „Јане Сандански“, каде што член е легендарниот Факундо Кампацо.
Кампацо беше дел од вчерашниот тренинг на црвено-белите во Аеродром и зборуваше пред камерите на регионалната телевизија „Спортклуб“. Кампацо се уште нема право за настап за Звезда и веројатно нема да има до март.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тажен сум бидејќи сакам да играм, а не ми дозволуваат. Не дојдов во Ц. Звезда да игра само во АБА, туку пред сѐ на евролигашките натпревари, но како што излгледа тоа нема да се случи пред март.
Стискам палци и се надевам дека ќе се средат работите. Се надема дека нешто ќе се промени, но тоа не е во моите раце, тоа е нешто надвор од моја контрола.
Затоа енергијата ќе ја насочам да тренирам најдобро и да бидам добар соиграч од клупата. Но, навистина се надевам дека нешто ќе се промени бидејќи ептен ми се игра во Евролигата“, изјави Кампацо.