Дома Фудбал Венгер: Арсенал е веднаш после Сити, има шанси за титулата

Венгер: Арсенал е веднаш после Сити, има шанси за титулата

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека „топџиите“ оваа сезона се вториот најдобар тим во Англија зад Манчестер Сити и дека имаат добри шанси за титулата.

Арсенал е на првото место на табелата со 21 бод, еден повеќе од Манчестер Сити. Венгер верува дека оваа година титулата може да заврши на „Емирати“.

„Лично јас би го поставил Арсенал само зад Сити. Но, и вториот најдобар тим во лигата има шанса за титулата. Манчестер Сити во одреден дел од сезоната ќе се фокусираат на Лигата на шампиони. Не ја знаеме вистинската форма на Ливерпул, но тие веќе заостануваат 11 бода“.

„Да си 10 бода зад Сити е како да треба да искачиш планина. Челзи не изгледаат постојано во моментов и не верувам дека ја имаат самодовербата, исто како и Тотенхем“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…