Во недела 2. октомври се игра дербито на Манчестер.
Деветото коло од англиската Премиер лига го носи дербито на Манчестер во кое ќе се сретнат двата големи градски ривали. Со оглед на актуелната форма, „граѓаните“ влегуваат како фаворити во овој дуел, овој натпревар понекогаш е и натпревар на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити го има и неверојатниот Ерлинг Халанд кој има страшен почеток на сезоната.
„Со нетрпение го чекам натпреварот против Манчестер Јунајтед. Ќе биде навистина забавно. Не постои дефанзивец против кој не можам да играм, а сите знаеме каква одбрана има Јунајтед“, изјави Халанд.
Намерно или случајно, Халанд испрати провокација за последната линија на „црвените ѓаволи“. Јунајтед за овој натпревар нема да може да смета на Хари Мегваер кој е повреден. Нема сомневање дека не чека еден супер интересен дуел.