Дома Останати Авто Мото „Бомба“ во Формула 1: На Ферстапен може да му биде одземена титулата!?

„Бомба“ во Формула 1: На Ферстапен може да му биде одземена титулата!?

Познатиот италијански весник „Газета дело Спорт“ вечерва објави ексклузивна информација која би можела да ја здрма „Формула 1“.

Како што пренесуваат Италијанските Светската автомобилска федерација (ФИА) ќе отвори истрага против Ред Бул поради сомневање дека го надминале буџетот во минатата сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако се покажат како точни сомнежите акутелниот шампион Макс Ферстапен кој вози за Ред Бул би можел да остане без титулата шампион минатата година. Челниците на ФИФА би требало да се огласат во наредните неколку дена после оваа информација.

Бројката која Ред Бул не смеел да ја надмине е 130 милиони евра, а ако цифрата е надмината за пет милиони евра би поминале со помала дициплинска казна, но ако е поголема тоа би можело да донесе големи проблеми за Ферстапен.

Ќе потсетиме, Ферстапен сезонава е на чекор да ја одбрани титулата. Во овој момент е лидер на генералниот пласман со 335 бодови, 116 повеќе во однос на второпласираниот Шарл Леклер.

До крајот на шампионатот останаа уште шест трки, а наредната се вози оваа недела во Сингапур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…