Дома Фудбал Останато Се повеќе критики за Мбапе, се јави и француската легенда: Што е следно, сам ќе си го бира тимот на ПСЖ!?

Се повеќе критики за Мбапе, се јави и француската легенда: Што е следно, сам ќе си го бира тимот на ПСЖ!?

Напаѓачот на француската репрезентација Килијан Мбапе доби критики по средбата помеѓу Данска и Франција, а по оваа средба тој отиде и подалеку.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мбапе за медиумите изјави дека во ПСЖ ја нема слободата во играта која ја има во националниот тим. Ваквата изјава стигна и до легендата на францускиот фудбал Емануел Пети кој го предупреди младиот фудбалер.

„Се жали секогаш истиот фудбалер, јазикот му е побрз од умот…Сигурно дека во еден момент ќе мора да запре. Килијан е интелигентен играч кој треба да ги знае последиците од кажааното. Место да му каже што мисли во теренот во четири очи, тој зборува се и сешто јавно и си прави бумеранг ефект“.

„Тука зборувам за важен играч кој ги става до знаење работите на целата јавност. Ако јас сега бев на местото на Меси ќе му се налутев за оваа негова изјава. Што можеме да очекуваме следно – сам да си го бира тимот со кој ќе игра ПСЖ?! Навистина не го разбирам“, изајви Пети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …